Дваесет и шесетгодишник од селото Подареш, радовишко ја нападнал својата мајка, а потоа и полициските службеници кои пристигнале во семејниот дом за да го приведат.

„Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривични пријави против Б.И.(26) од с.Подареш, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 28.04.2020 пријавениот, во куќа во с.Подареш, каде живее со своите родители, ја нападнал неговата мајка А.И., а подоцна ги нападнал и полициските службеници од ОВР Радовиш при неговото лишување од слобода“, информираат од МВР во дневниот билтен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.