Во полициска акција реализирана на подрачјето на СВР Струмица, односно во дискотека во Струмица, се детектирани повеќе неправилности во работењето.

Како што соопштија од МВР, меѓу другото, констатирано е постоење на неевидентиран готовински промет во висина од над 125.000 денари, потоа работа на лица кои не биле пријавени согласно ЗРО, потоа прекршувања по основ на Законот за угостителска дејност.

Од полицијата додаваат дека по целосно документирање против правното лице и одговорните лица во правното лице ке бидат изречени соодветни санкции.

Од страна на полициските службеници биле извршени 16 проверки на идентитет, 12 прегледи на лица, а затекнати се и 10 малолетни лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.