Триесет и шестгодишен работник се повредил на работното место во фирма во Кавадарци.

Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека Ќ.Т. (36) извршувајќи работни задачи во фирма во Кавадарци се повредил. Лицето е пренесено во болницата во Кавадарци – информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Тој додава дека на местото на настанот бил извршен увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.