Основното јавно обвинителство истражува инцидент што се случил вчера околу 16 часот на патот во село Никуштак, кога било две лица пукале во друго лице поради нерасчистени должничко доверителски односи.

Настанот се случил откако двајца осомничени со патничко моторно возило застанале на патот откако го виделе оштетеното лице. Едниот од нив излегол и по краток разговор од непосредна билизина со огнено оружје пукал во оштетениот. Потоа веднаш влегол во возилото во кое подготвен чекал возачот – второто осомничено лице и се упатиле во непознат правец. Со овие дејствија двајцата осомничени сториле кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 став 1 од Кривичниот законик, велат од ОЈО.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на лице место. Издадени се наредби за обезбедување и прибирање траги и материјални докази од местото на кривичниот настан. Ќе биде исвршен и распит на оштетеното лице. Според првичните информации, причина за обидот за убиство биле должнички односи меѓу двете страни.

Основното јавно обвинителство Куманово ги презема сите дејствија за целосно расчистување на настанот.​

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.