Вчеравечер околу 21.40 часот на автопат Тетово-Гостивар, во близина на клучката кај с.Камењане, полициски службеници од СВР Тетово, при редовно извршување на работни задачи, слушнале три истрели од огнено оружје од правец на една тераса покрај автопатот.

Тие се упатиле на местото и затекнале повеќе лица, а на подот од терасата пронашле три чаури од испукани куршуми. По преземени мерки било утврдено дека лицето кое што пукало е А.Н.(61) од с.Камењане, кај кого бил пронајден пиштол „Црвена застава“ калибар 7,62 мм со една рамка со три куршуми, за кој немал одобрение за поседување.

А.Н. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.