Во соопштението од МВР стои дека на 03.01.2021 во 24.00 часот на ул.„Бетовенова“ од полициски службеници од СВР Струмица бил лишен од слобода Ш.М.(32) од Струмица за повеќе сторени кривични дела и одредена мерка притвор.

При преземање на мерките за негово приведување, повеќе лица ги нападнале полициските службеници со тврди предмети, при што од страна на полициските службеници биле испукани неколку предупредувачки куршуми во воздух. За лицата ќе бидат преземени соодветни мерки. Ш.М. бил спроведен до Затвор Скопје за издржување на казната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.