Едно лице е повредено во инцидентот што се случил вчеравечер во Скопје. Во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Гоце Стојчевски“ во Чаир, едно лице пукало кон Е.И.(27) од Скопје и со куршум го погодил во десната натколеница.

На Е.И. му е укажана помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.