Две лица се уапсени во инцидентот кој се случи вчера во Битола.

Како што соопшти МВР, во 18.50 часот од полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода С.Ј.(45) и С.П.(45), двајцата од Битола, постапувајќи по пријава дека околу 18.30 часот на ул.„Охридска“ во Битола испукале проектил во воздух.

Од С.П. биле одземени метална шипка и нож, а од С.Ј. бил одземен пиштол „магнум 44“.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.