Нoќеска околу 04 часот во СВР Скопје, С.Н. (27) од село Батинци, скопско, пријавил дека на излез од село Батинци, додека се движел со патничко возило „Фолксваген голф“, кон него со оружје пукале Р.А. и Ш.А., двајцата од село Батинци, но не го повредиле.

По преземени мерки Ш.А. бил пронајден и приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.