Ноќеска околу 01 часот во атар на село Бањани, скопскo, полициски службеници откако забележале комбе натоварено со дрва превземале мерки и активности за запирање на возилото.

Возачот на даден знак не го сопрел возилото заради контрола, туку истото продолжило со движење. Во еден момент, службено возило на полицијата било удрено од возило „Сеат“, а полициските службеници излегле од возилото и испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух со цел сопирање на возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.