Ноќеска околу 03 часот во СВР Битола било пријавено дека во угостителски објект во близина на железничката станица во Прилеп имало пукање од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото на настанот каде биле затекнати М.М. (43) од Прилеп и О.И. (28) од село Лажани, прилепско, со повреди на главите. Тие биле пренесени во Клиничката болница Прилеп каде им била укажана помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.