Момче утрово пукало во девојката во која билo заљубенo.

Нешто по осум часот кај гимназијата во Свети Николе ја пречекал девојката која одела на работа. Пукал во неа, а потоа извршил самоубиство. Според првичните информации девојката преживеала и е однесена во болница.

Каква е нејзината состојба сѐ уште нема информации. Момчето починало на лице место.

Момчето беше заљубено во девојката. Таа работеше во локалната слаткарница. Не возвраќаше на неговата љубов, а тој беше упорен. Но, никој не очекуваше да се случи ова што денеска ги потресе жителите на Свети Николе. Огромна трагедија, вели жител на градот.

Се очекува повеќе информации во текот на денот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.