Притворено лице под психичко растројство денеска удрило со даска од вецето по лице полицаец од затворот во Шутка. Инцидентот го потврдил и директорот Ѓоко Котевски, за кого е чудно што по преглед во психијатриска установа, напаѓачот место да биде задржан во соодветна институција, го вратиле повторно назад во истражниот затвор во Шутка.

Точно е дека денеска полицаец вработен во затворот ‘Скопје’ во беше нападнат од притворено лице, кое ни е познато, бидејќи неколку пати бил тука во притвор. Веднаш е повикана полиција од МВР, направен е записник за настанот, известен е судијата од Основниот суд Гостивар што му ја одредил на тоа лице од Маврово-Ростуше мерката притвор и го пратил тука место во психијатриска установа, викната е Трудовата инспекција. Колегата е прегледан од лекар, кој констатирал гребаници на неговото лице од ударот. Напаѓачот е прегледан во психијатриска установа надвор од затворот, бидејќи немаме наш психијатар веќе месец и пол. Но, место да биде сместен во соодветна институција, повторно е вратен во затворот ‘Скопје’, вели Котевски за СДК.мк.

Напаѓачот не бил прегледан во затворот во Шутка и не му била дадена соодветна терапија за да не напаѓа луѓе, зашто откако пред месец и пол се пензионирал последниот, овој затвор нема психијатар.


Целиот текст ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.