Две лица биле нападнати и искасани од кучиња скитници вчера во Скопје.

Во првиот случај, во Полициската станица Центар, С.Ц.А.(51) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.00 часот на улица „Кеј 13-ти Ноември“ била касната од куче скитник на десната нога.

Во истата станица, З.Т.(35) од Скопје пријавил дека бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога на Плоштад „Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.