Пациент заразен со корона вирус е роден 1983 година. Тој поминал 12 дена на респиратор, по што е исклучен од респираторот поради подобрување на неговата состојба со корона вирусот.

Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје денеска претпладне од респираторна поддршка е исклучен пациент кој пред три недели бил примен во тешка состојба, дознава „360 степени“. Неговата состојба сега е стабилна, информираат болнички извори.

Ова е прв случај на пациент во Македонија, од почетокот на епидемијата на ковид-19, кој поради сериозноста на клиничката слика бил ставен на респираторна поддршка и по успешното лекување веќе нема потреба од таква асистенција.

Во Македонија досега починаа 85 лица заболени со ковид-19. Вкупно 1 518 се заразени, од кои 992 лица се излекувани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.