Станот на независната пратеничка Ирена Стефоска вчера бил обиен и целосно испревртен, потврди пратеничката во изјава за „Република“ иако изненадена дека медиумите дознале за настанот. Исто така, ни потврди дека настанот уредно го пријавила во полиција.

Дома ми е хаос, целиот стан ми е испревртен. Во моментов се дојдени од осигурителната куќа и прават проценка. Се разбира дека пријавив во полиција, но не знам дали е заведен во билтенот, синоќа се случи – вели Стефоска.

Иако се работи за провала со обиени брави, во полицискиот билтен стои само дека е само обид за кражба.

На 12.12.2019 во 20:17 ч. И.С. пријавила дека на ул. „Мирослав Крлежа“ во Скопје насилно е отворена влезната врата од станот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.