Во Полициското одделение Петровец било пријавено дека е пронајдено 15 годишното девојче по полицијата трагаше, откако нејзината мајка пријави дека се оддалечила од домот.

Девојчето е пронајдено во населбата Маџари.

-На 19.09.2022 во 17.30 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека во населба Маџари-Скопје била пронајдена Б.С.(15) за која на 18.09.2022 нејзината мајка Н.С.(33) од с.Марино, општина Илинден, пријавила дека се оддалечила од куќа во с.Кадино, општина Илинден, каде престојувала. – информираат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.