Вчера во СВР Битола било пријавено дека на трибина на Градскиот стадион „Тумбе Кафе” во Битола биле пронајдени артилериски гранати.

Гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за две артилериски гранати со калибар 75 мм и една артилериска граната со калибар 105 мм од Првата светска војна, информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.