Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Е.С.(22) од с.Батинци, Скопско, и уште едно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

На 19.08.2020 во 07.30 часот на автопатот во близина на клучка Неготино, кај место викано „Полна цигла“, полициски службеници сопреле товарно возило „волво“, кое го управувал првопријавениот.

При преглед во возилото биле пронајдени 70 мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.