Триесет и тројца мигранти се пронајдени синоќа во атарот на струмичкото село Свидовица. Од нив, 21 мигрант бил од Аваганистан, седум од Пакистан, тројца од Иран и двајца од Ирак.

Мигрантите, соопшти денеска МВР, се пронајдени околу 20:30 часот и се предадени во Прифатниот центар Гевгелија на понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.