Триесет мигранти биле пронајдени во камион паркиран на магистралниот пат Радовиш – Струмица. Полицијата вчера во 12.30 часот кај клучката за селото Воиславци, пронашле паркиран камион „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.

При преглед во возилото биле пронајдени 30 мигранти. Од нив 24 од Пакистан, тројца од Ирак, двајца од Сирија и еден од Судан. Полицијата го бара возачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.