На локалниот пат Слупчане-Ваксинце, синоќа околу полноќ23.50 полициски службеници од полициска станица Белановце патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, пронашле 10 лица-мигранти од Пакистан, Сирија и Бангладеш.

Како што денеска информираат од МВР полицијата се обидела да го запре патничкото моторно возило „рено лагуна“, кое не застанало, а потоа пред влез на село Ваксинце, кај селските гробишта било пронајдено возилото, при што возачот го напуштил местото на настанот, а во возилото биле пронајдени мигрантите.

Мигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.