Денеска претпладне МВР добило дојава дека под трибините на стадионот „Борис
Трајковски“ во населбата Маџари било пронајдено починато лице.

Станува збор за лицето А.Ц. (34 ) вработен во агенција за обезбедување МДН.
Пронајдениот има прострелна рана во пределот на главата, смртта е констатирана од страна на доктор од ИМП.

На самото место била пронајдена рамка од пиштол, празна футрола од пиштол и
ранец.
А.Ц. вчера 20:10 часот излегол да оди на работа кога и последен пат е виден од
семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.