Во текот на вчерашниот ден, околу 19.40 часот, во полиција е пријавено е дека на шумски пат во атарот на струшкото село Делогожди, е забележано е превртено возило „нисан примера“ со струшки регистарски ознаки и починато лице во близина на автомобилот.

Од извршениот увид предводен од надлежен јавен обвинител, констатирано е дека се работи за Т.Д.(76) од струшкото село Ливада, кој при управувањето со автомобилот, изгубил контрола и излетал од патот.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.