Двајца тетовци се уапсени кај патарината кај Желино, откако во нивниот автомобил полицајците што ги сопреле пронашле кокаин.

Во вечерните часови на 26 ноември во непосредна близина на наплатната станица Желино, полициски службеници на СВР-Tетово ги уапсиле М.Ј.(43) и Ф.И.(33), двајцата од тетовското село Слатино.

 

При преглед на автомобилот „фолксфаген голф“ со кој се превезувале двајцата тетовци, пронајден бил кокаин – информираат од МВР.

Двајцата се задржани во полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.