На 16.05.2022 во 10.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во водите на река Вардар, под мостот кој води од Градско кон с.Уланци, било пронајдено човечко тело, информираа од МВР.

Екипа од Територијалната противпожарна единица Велес го извадила телото, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.