Вчеравечер околу 21.20 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало и продолжило со движење кон Гостивар.

Во 21.40 часот на наплатната рампа Желино возилото било запрено од полициска патрола и било констатирано дека се работи за Б.М., кој се претставил како директор на „Македонија Пат“.

По наредба на Јавен обвинител на лицето ќе му биде издаден платен налог по член 211 став 4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.