Педесет и петгодишен маж почина синоќа откако при семејна расправија неговиот син му нанел повеќе убодни рани со нож.

Полициски службеници на СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода Д.А.(24), бидејќи околу 23,15 часот на улицата „Бигла“ во Скопје, при семејна расправија со нож му нанел повеќе убодни рани на својот татко С.А. (55), од кои тој починал на местото на настанот. Предметот со кој е извршено делото е обезбеден.

По документирање на случајот, против Д.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.