Две лица осомничени за вмешаност во вооружената пресметка од ноќта кон неделата во скопскиот хотел „Александар Палас“, се приведени од страна на полициските специјалци, потврди во понеделникот вечерта Министерството за внатрешни работи од каде додаваат дека опсежната полциска акција сѐ уште е во тек. Новинарските екипи кои се на терен информираат дека МВР забранило снимање околу полициската станица „Карпош“.

Според непотврдени информации, во полициската станица „Карпош“ во понедленикот се приведени на распит две од петте лица во кои беше пукано во ресторанот на споменатиот хотел. Други двајца од групата во којашто беше пукано претходно претпалдневи веќе биле на распит.

Според непотврдени инфромации на медиумите, приведените пишувале заканувачки пораки до полицијата наведувајќи припадници на полицијата се виновни што било пукано кон нив.

Продолжува потрагата по осомничените за вооружената пресметка во којашто за среќа немаше настрадани.

Според неофицијалните сознанија, станува збор за судир меѓу групи од Грчец и Арачиново, кои веќе подолг период се пресметуваат меѓусебно за превласт на нарко-пазарот во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.