Три лица од скопско Трубарево денеска се приведени од полицијата поради основано сомнение дека физички нападнале и ограбиле 40-годишник од Кавадарци.

Во Полициска станица Гази Баба денеска биле приведени Е.Д.(19), Н.М.(23) и В.К.(19), сите од село Трубарево, поради основано сомнение дека на местото викано Пуста кула, во населба Илинден, физички го нападнале Д.Ѓ.(40) од Кавадарци и му одзеле пари. По комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.