Полициски службеници од ОВР Кичево во координација и содејство со полициски службеници од Сектор за општ и насилен криминал – Оддел за криминалистичка полиција при МВР и соработка со СВР Битола на 05/06.06.2022 година презеле мерки и активности за расчистување на кривично дело „предизвикување општа опасност“ сторено со подметнување пожар на патничко возило „ауди“, сопственост на Љ.С. од Кичево.

Како што информираа од МВР, лишени од слобода се Е.П.(27) од Кичево, К.Б.(28) и Љ.А.(27), двајцата од Битола.

– Имено, на 05.06.2022 извршени се претреси кај повеќе лица во Битола, при што се одземени предмети поврзани со кривичното дело, а од преземените мерки е утврдено дека нарачател на кривичното дело е Е.П. од Кичево, кој веќе издржува мерка притвор за кривично дело по член 215, сторител е К.Б., а Љ.А. е помагач во извршување на кривичното дело, се појаснува во соопштението од МВР.

Лицата биле спроведени во ОВР Кичево и против нив до ОЈО Кичево е поднесена кривична пријава по чл.288 од Кривичниот законик, при што од Судија на претходна постапка и на К.Б. му е одредена мерка притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.