Мерката за ограничување на движењето не ја почитувале 502 граѓани, а само во последните 24 часа, мерката ја прекршиле 94 лица, соопшти на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Додаде дека поради непочитување на мерката приведени се 192 лица, од кои 14 до 18 години, а 37 граѓани се приведени во изминати 24 часа. Опоменати се 136 лица, а во останати случаи се преземаат дополнителни мерки.

До јавното обвинителство поднесени се 123 кривични пријави и 12 известувања со кои се опфатени 150 сторители. За мерките за самоизолација и изолација издадени се 1620 решенија за изолација од кои 90 за 24 часа 90 решенија. Во последни 24 часа нема непочитување на оваа мерка. Потпишани се 9.025 изјави за почитување на самоизолацијата, рече Чулев.

Вчера со хуманитерен превоз од Малме и Загреб пристигнати се 290 патници, а денеска очекуваме патници од Љубљана. Над 2000 граѓани се во државен карантин.

Генерална оценка е дека мерките на владата се почитуваат од граѓаните, рече Чулев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.