Полициски службеници лишиле од слобода четири лица од гостиварското село Врапчиште, кои се сомничат дека противправно одзеле патничко возило „Цитроен Берлинго“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

– На 23.01.2022 околу 16:10 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ш.М.(21), В.У.(22). Ш.М.(21) и Ф.А.(22), сите од гостиварско Врапчиште. Тие се сомничат дека претходно противправно одзеле патничко возило „Цитроен Берлинго“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Н.И.(43) од тетовска Голема Речица. Половина час пред тоа, возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, посочуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.