Во скопско Катланово вчера во 15.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.М.(32) од село Пакошево, општина Зелениково.

Од МВР соопштија дека таа била барана со потерница од Основниот суд Скопје-1 за издржување казна затвор за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Приведената била спроведена во Казнено-поправната установа Идризово за издржување на казната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.