Полицијата приведе сопственичка на угостителски објект во Трубарево затоа што работел и по 21 часот.

Според информациите на МВР, вчера во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека угостителски објект во село Трубарево работи после 21 часот. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека објектот работи и во него има гости.

Во полициска станица бил извршен разговор со сопственичката С.С.(46) од Скопје и по целосно документирање на случајот, во координација со Државниот пазарен инспекторат против неа ќе биде поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.