На 28.11.2024 во периодот од 18.00 до 22.00 часот во централно градско подрачје на Куманово беше одржан ненајавен јавен собир по повод денот на албанското знаме.

-Притоа, полициски службеници го привеле Б.Џ.(20) од село Липково поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Исто така, за време на собирот биле оштетени шест патнички моторни возила, констатирани биле 20 мерки по закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од закон за возачка дозвола, информира МВР.

По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.