Во изминатото деноноќие се случија едно убиство, една тепачка на соседи кој малку фалело да заврши трагично, тепачка опожарено возило и неколку интервенции на пожари. Во кумановско Липково 43 годишен маж е избоден до смрт со нож од негов сограѓанин по вербална расправија. Брзата помош само го однела безживотното тело во кумановската болница и пријавиле во полиција

Како што појаснуваат од полицијата, по пријавувањето на настанот, увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово и констатирано е дека околу 18,00 часот во селото Липково Б.С (43) од с. Липково, по претходна вербална расправија ,физички се пресметал и со нож во пределот на градите неколку пати го прободел Ј.С(43) од с.Липково, по што Ј.С починал.

По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Б.С. е приведен и се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.

Утрово околу 1 часот полицијата приведе и две лица во инцидентот во скопско Долно Соње каде што семејната веселба ја завршиле со ловечка пушка и боксирач и малку фалело да има и мртви. Во куќата дошле лицата 27 годишното и 24 годишните момчиња  кои од страна на сопственикот биле поканети и по кусо време заминале. Но набргу пак се вратиле при и со себе носеле ловечка пушка, и боксирач.

– Влегле во дворот на куќата при што М.М. го нападнал Б.К. (27) инаку син на сопственикот на куќата, а пак С.Т. испукал еден проектил во правец на неколку лица. Во тој момент лицето Н.К. ја фатил пушката што била во рацете на С.Т. по што вториот проектил бил испукан во воздух. По ова М.М. и С.Т. го напуштиле местото на настанот, се појаснува во соопштението од МВР.

Веднаш по известувањето на полицијата на местото на настанот се упатиле припадници на ЕБР и полициски службеници од полициската станица Кисела Вода, а лицата М.М. и С.Т. се пронајдени и приведени во станица за понатамошна постапка.

Во текот на изминатото деноноќие според  МВР во време на полициски час евидентирано е дека  на ниво на целата држава 84 лица не ја почитувале забраната , при што приведенисе 67 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.