17 годишен Г.С. е приведен вечерва, откако полицијата го идентификувала од снимките на околните камери на кои се гледало како тој ги убива кучињата Гоца и Макс од населбата Аеродром.

Полициски службеници на СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода го привеле Г.С.(17) од Скопје поради тоа што на 15.09.2019 во парк на ул. „АВНОЈ“ во Скопје со тврд предмет измачувал и усмртил две кучиња. Со него бил извршен разговор, соопштија од МВР.

Г.С. ќе одговара по член 233 од Кривичниот законик за мачење животни.

Кучињата беа убиени со секира во септември годинава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.