Жител на Тетово е приведен од полицијата вчера попладне откако неговата ќерка го пријавила дека физички ја нападнал неколку часа пред тоа.

Вчера во 17 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 45-годишниот тетовец А.Т., постапувајќи според пријава од 16 часот, според која околу 13 часот и 30 минути во семејниот дом физички ја нападнал неговата 18-годишна ќерка, информираат од СВР Тетово.

Тетовецот бил задржан во Полициската станица Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.