Полициски службеници денеска привеле скопјанец за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“, аоопшти вечерва МВР.

Денеска во 13:30 часот на ул.„Мариовска” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го привеле А.Ј.(32) од Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 став 3 од Кривичниот законик се наведува во соопштението на Министерството.

Лицето било предадено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.