Скопјанец што се превезувал со автомобил на магистралата Гостивар-Кичево бил лишен од слобода заради неовластено снимање на полицајци кои претходно го запреле.

Од СВР Тетово информираат дека вчера во 9 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода Н.Ш. (52) од Скопје.

Тој претходно бил запрен, заради прекршок, бидејќи било констатирано дека во возилото во кое се превезувал тој и други сопатници, не носеле заштитни маски. Н.Ш. и покрај предупредувањето, почнал неовластено да ги снима службениците кои преземале службени дејствија.

По лишувањето, се расчистува и документира случајот, а против Н.Ш. ќе следува соодветен поднесок.

Од СВР Тетово апелираат до граѓаните да бидат одговорни кога се превезуваат и да се придржуваат кон пропишаните мерки за заштита и задолжително да носат заштитни маски. Од таму потсетуваат дека изминатото деноноќие за неносење маски санкционирани се 120 лица од кои 77 во Тетово и 43 во Гостивар.

Во полошкиот регион, од воведувањето на мерките со соодветната владина Уредба, за неносење заштитни маски па до крајот на август изготвени се вкупно 8.725 прекршочни платни налози (5.473 на тетовското подрачје и 3.252 на гостиварското подрачје). Најголемиот дел од прекрошоците се констатирани при контрола на возила. Глобата за овој прекршок изнесува 20 евра во денарска против вредност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.