Скопјанец е фатен како со возило превезувал мигранти од Куба. З. Љ. (42) од Скопје, синоќа, на влезот за с. Богородица, Гевгелиско, бил фатен од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица. При контрола во возилото „пежо“, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Л. М. Л. (39), Р. Р. Д. (31) и еден малолетник.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. З. Љ. бил приведен и предаден во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.