Во полициска акција во Гази Баба е приведен скопјанец којшто извршил неколку разбојништва.

при приведувањето, во неговиот дом било пронајдено огнено оружје.

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба денеска го приведоа Д.П., кај кого при претрес на дом, по добиена судска наредба, беше пронајден пиштол и рамка со седум куршуми – информираа од МВР.

Д.П. е осомничен и за извршени разбојништва, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.