Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за економски криминал и корупција денеска околу 18 часот во Куманово го лишија од слобода полицискиот службеник И.С. поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело-примање поткуп по член 357 , примање награда за противзаконито влијание по член 359, и злоупотреба на службената положба и овластување по член 353, од КЗ.

И.С.од правно лице од Куманово побарал пари за наводно да сопре наводна истрага против правното лице, при тоа повикувајќи се на наводна блискост со високи полициски функционери. Сопственикот на правното лице го пријавил случајот во МВР по што биле преземени соодветни мерки и активности.

Вечерва во Куманово, во простории на правно лице тој на И.С. му дал претходно технички обработени 2000 евра, а откако ги земал парите И.С. е приведен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.