Дваесет и петгодишен маж од охридското село Лескоец го нарушил јавниот ред и мир во казино на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, соопшти полицијата.

Тој со рака скршил еден електронски апарат, по што физички го нападнал Г.Д.(41), работник на обезбедување на казиното, кој се обидел да го спречи во понатамошното оштетување на апаратите.

Сторителот на нарушувањето е приведен и против него ќе поднесе соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.