Неготинец е приведен и задржан во неготинската полиција поради повеќе кривични дела. Оваа информација за МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи.

-Неготинецот Д.К. на возраст од 32 години, е приведен и задржан во полиција, вчера во 15 часот. Приведувањето и задржувањето е поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела, распишани  потерници и објави, соопштија од МВР за МИА.

Со случајот бил запознат и  јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.