Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишија од слобода Н.Д. (45) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“.

Како што соопшти МВР, Н.Д. на 18 јуни 2021 во населба „Илинден“ со употреба на физичка сила од Л.Т. (74) одзел пари.

По насоки на Јавен обвинител тој е задржан во Полициска станица Кисела Вода, а по комплетно документирање на материјалот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.