Министерството за внатрешни работи го приведе С.И. (32) откако вчера попладне го нападнал дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.С.И. вчера на Клиниката за токсикологија бил со неговото малолетно дете и откако дежурниот лекар му рекол дека детето треба да се однесе на педијатрија, таткото го нападнал лекарот кој завршил со расекотини и хематом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.