Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска на ул. „М.А.Ченто“, на патот кон село Арачиново Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ф. (30) од село Синѓелиќ. Д.Ф., кој на себе носел панцирен елек и пиштол „Смит и Весон“, бил заедно со полициски службеник, кој не бил на работа, а седеле во угостителски објект.

Потоа е извршена контрола на возило „сеат ибица“, паркирано од Д.Ф. и пронајдено е една автоматска пушка и една рамка од пушката, рамка од пиштол полна со куршуми. По документирање на случајот Д.Ф ќе биде предаден на надлежен обвинител, а во расчистување на случајот е вклучен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, наведоа од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.