Приведен е малолетникот кој пред десетина дена на социјалните мрежи објави видео како пали оган на јавна површина.

Како што соопштија од МВР, тој е идентификуван како 17-годишен жител на скопското село Мојанци, како и дека местото каде што снимал како пали оган се падините на блиската шума над село Мојанци.

По утврдување на идентитетот, на 13 август малолетникот заедно со неговиот татко бил повикан на разговор во просториите на Единицата за насилен криминал, каде што во присуство на инспектор по малолетничка деликвенција, го признал делото и потврдил дека тој палел нискостеблеста трева и шума на падините на блиската шума над с.Мојанци.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител за малолетници и по негови насоки делото е квалификувано како „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво член 288 од Кривичниот законик.

СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе писмено известување за малолетникот, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.